Приведено лице за подметнување пожар во Прилепско

пред 3 години

Полицијата приведе едно лице за подметнување пожар во прилепско.

Според информациите на МВР, утрово околу 06.15 часот во месноста Дабница, прилепско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници уапсен е М.Е. (34) од Прилеп.

Тој е осомничен дека подметнал пожар на место викано Дабница. Пожарот утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп.

М.Е. е задржан во полициска станица и против него ќе следи кривична пријава.

Досега шест лица се уапсени под сомнение дека подметнале пожари на различни локации во државата.

Share
Scroll to Top