Вчера во 16.30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги – Скопје, на место викано „Горно село“, Општина Богданци, го лишија од слобода Н.А.(24) од Валандово.
За него била распишана Централна потерница за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија.
Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, информираа од МВР.