Приведен бегалец од затвор кој во меѓувреме извршил уште четири кражби

пред 3 години

Попладнево околу 13.15 часот, тетовската полиција во гаража помеѓу тетовските села Нераште и Беловиште, го уапсила 45-годишниот Ш.Ш. од Нераште.

Тој се сомничи дека е извршител на четири тешки кражби во трговски објекти во Тетово и во регионот на Теарце, во кои со употреба на сила влегувал и одземал пари и поголема количина разновидни производи.

Ш.Ш., исто така, се барал по централна потерница од затворот „Идризово“ во Скопје за доиздржување на затворска казна од 3 години и 28 дена за сторено кривично дело разбојништво.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top