Приведен делчевец, возел со 1,84 промили алкохол во крвта

Приведен делчевец, возел со 1,84 промили алкохол во крвта

пред 3 недели

Синоќа во 01.50 часот во Делчево, полициаски службеници го приведоа М.Р.(35) од Делчево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Текстот Приведен делчевец, возел со 1,84 промили алкохол во крвта е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top