Полицијата приведе дилер на дрога во тетовското село Доброште. Во неговиот дом биле пронајдени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага.
Според информациите на МВР, вчеравечер бил приведен 69-годишниот Ќ.Е. од тетовско Доброште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага.