Приведен дилер на дрога при претрес во радовишко

пред 3 години

Едно лице од радовишко е лишено од слобода затоа што при претрес во неговиот дом полициските службеници пронашле марихуана.

Според информациите на МВР, на 29.04.2021 во 15.00 часот, полициски службеници од полициската станица Радовиш го лишиле од слобода А.Г.(21) од с.Ораовица, радовишко.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, таблети, гасен пиштол и една дигитална вага.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат надлежните.

Share
Scroll to Top