Приведен крадец во Карпош, веднаш откако украл златен ланец од жена

пред 3 години

Малолетник одзел златен ланец од вратот на жена додека чекала автобус на автобуска станица во Карпош.

Според информациите, веднаш по кражбата, малолетникот од Скопје е приведен од полицијата. Со него е извршен службен разговор полициски службеници од малолетничка деликвенција. Од страна на оштетената пријавениот малолетник бил препознаен како сторител на кривичното дело. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top