Приведен крадец во Кочани, украденото вратено на сопственикот

пред 3 години

Вчера околу 15 часот, 47 годишна жена во Кочани била нападната по што и бил украден мобилниот телефон и платежната картичка, известуваат од МВР.

Полициските службеници од Кочани од слобода го лишиле Е.М.(32) од Кочани затоа што околу 15.20 часот во домот на 47-годишна жена нa ул.„Поп Арсов Блаже“ во Кочани со употреба на физичка сила и одзел мобилен телефон и платежна картичка.

Полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.М., при што биле пронајдени и одземени украдените предмети.

По целосно документирање на случајот против Е.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од министерството за внатрешни работи.

Share
Scroll to Top