Приведен крадец кој ограбил магацин на градинка во Велес

пред 3 години

Велешанец насилно влегол во градинка и од магацинскиот простор украл повеќе производи.

Полицијата вчера го привела 31-годишниот М.З., кој се сомничи дека на 14 март вегол во градинката на ул.„Коле Цветков“ во Велес.

М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top