Приведен крадец од Скопје

пред 2 години

Вчера околу 22.15 часот на ул. „Лазар Димитров“ во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил приведен В.Р. (38) од Скопје, веднаш по извршување на кривично дело „тешка кражба“.

Пронајдени се и предмети кои потекнуваат од кривичното дело и ќе бидат вратени на сопственикот, а против В.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Share
Scroll to Top