Приведен малолетник од Скопје, украденото вратено на сопственичката

пред 2 години

Малолетник од Скопје бил лишен од слобода а полицијата го сомничи за кражба на накит од малолетничка во автобус.

На 13.11.2021 година, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода малолетникот од Скопје, поради сомнение дека на 11.11.2021 во автобус на подрачјето на Центар одзел личен накит од малолетничка од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото и го појаснил начинот на извршување.

Пронајдените предмети биле вратени на сопственичката.

За настанот бил известен Јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top