Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Р.Б., со живеалиште во село во Охридско, поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.
Како што информираат од МВР, полицијата постапила по пријава од 14-те месецов, според која едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадорот во странска амбасада во земјава.
Биле преземени мерки и активности при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено, а во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска е поднесена кривична пријава.