Приведен охриѓанец, опожарил две патнички возила

пред 4 години

Денеска во раните утрински часови, околу 03.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Т.(33) од селото Мешеишта, општина Дебарца, поради сомнение дека околу 00.05 часот во селото Мешеишта, предизвикал пожар во две патнички моторни возила, информират од министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека опожарени биле возила марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од селото Лешани, општина Дебарца и „Санг јонг корандо“, сопственост на И.Ј.(48) од селото Требеништа, општина Дебарца, двајцата вработени во Шумска полиција Охрид.

Пожарот бил изгаснат од територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема, велат од МВР.

Известуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top