Приведен прилепчанец осомничен дека предизвикал пожар во прилепско Дабница

пред 3 години

Полицијата приведе 34-годишно лице од Прилеп кој се сомничи дека го предизвикал пожарот на местото викано Дабница.

Вчера полицијата од Битола до обвинителството во Прилеп поднела кривична пријава против Е.М.(34) од Прилеп, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Имено, на 06.08.2021 околу 06.15 часот во м.в. Дабница, прилепско, во близина на споменикот, тој бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека предизвикал пожар на местото Дабница.

Share
Scroll to Top