Гостиварската полиција расчисти осум тешки кражби, едно загрозување на сигурноста и едно опожарување на автомобил и до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Н.А. (42) од гостиварско Врапчиште, поради сомнение за сторени кривични дела тешка кражба и загрозување на сигурноста.
Гостиварецот се сомничи дека минатиот и на почетокот на овој месец, со употреба на сила, извршил 8 тешки кражби во продавници и помошни објекти од куќи во поширокиот регион на Врапчиште и притоа најчесто одземал пари и разновидни производи, кои потоа ги препродавал.
Тој исто така се сомничи дека на едно лице од овој регион му го опожарил возилото.