Приведен скопјанец баран по централна потерница за издржување затворска казна

пред 2 години

Денеска во 14:50 часот на ул.„Македонско – косовска бригада” во Скопје, полициски службеници од оперативен тим од Потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(28) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казан затвор од две години за сторено кривично дело казниво по Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Share
Scroll to Top