Приведен скопјанец кој земал половен „мерцедес“ без да го плати

пред 3 години

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода С.Џ. (40) од Скопје.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од МВР, тој бил баран со распис од Полициската станица Чаир поради сомнение дека возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, противправно го присвоил за себе.

На 3. април годинава со лице од Скопје направил усмен договор да го купи возилото, по што го зел и не го платил.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

По целосно документирање на случајот возилото ќе биде вратено на сопственикот, а на 40-годишникот ќе му биде поднесена пријва.

 

 

*Фотографијата е илустрација
Share
Scroll to Top