Приведен стружанец, кај него бил пронајден пиштол кој нелегално го поседувал

пред 3 години

42-годишен стружанец е приведен откако полицијата кај него пронашла пиштол и куршуми за ловна пушка кои тој нелегално ги поседувал.

Вчера полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.Ч.(42) од струшкото село Драслајца.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол и 10 куршуми калибар 16 милиметри за ловна пушка кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат надлежните.

Share
Scroll to Top