Приведен 42-годцишен жител на тетовското село Желино поради сомнение за инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница. Инцидентот беше пријавен на 23 овој месец.
Тогаш од болницата беше соопштено деека оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка.
Во ургентно дијагностичкиот центар немало пациенти и на тој начин не дошло до поголеми последици.
Од увидот било утврдено дека со метален предмет било удирано врз цевките, една била пресечена, а другата свиткана.
Според информациите од МВР, се работи за А.Р., кој вчера попладне бил приведен на улица „Илинденска“ во Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.