Привремено затворена за сообраќај делницата Велес – Градско

Привремено затворена за сообраќај делницата Велес – Градско

пред 1 година

Поради поставување заштитна мрежа на регионалниот пат Р1102, делницата Велес – Градско , од 31.1 до 3.2.2024 година, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 8 до 16.30 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2024 година.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Текстот Привремено затворена за сообраќај делницата Велес – Градско е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top