Судот ѝ определи притвор од 30 дена на 23-годишната девојка од Велес осомничена за убиството на нејзиниот партнер, соопшти Основното јавно обвинителство во Велес.
Според досегашните информации од Обвинителството, вчера, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство го убила 40–годишниот маж со кого живеела во вонбрачна заедница.
По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во градниот кош.