Притисоци, распределба на функции зад затворени врати: Шест факултетски студентски собранија ги повлекуваат делегатите од УСС УКИМ

Притисоци, распределба на функции зад затворени врати: Шест факултетски студентски собранија ги повлекуваат делегатите од УСС УКИМ

пред 53 минути

Факултетските студентски собранија на ФЕИТ, ТМФ, ФИНКИ, ФДУ, ФЛФ и ФФОСЗ најавија дека ги повлекуваат своите делегати од Универзитетското студентско собрание.

„Се оградуваме од работата на УСС УКИМ. Сегашниот состав на УСС УКИМ, според нас, не е легитимен. Верификацијата на мандатите не беше спроведена според исти критериуми за сите, Статутот на УСС УКИМ се прекршува, а факултетите не се еднакво застапени во телата на Универзитетот“, се истакнува во соопштението.

Ова, додаваат од таму, не е начинот на работа на едно студентско тело кое треба да ги претставува студентите на најстариот и најголемиот универзитет во државата, особено не, како што велат, на тело кое располага со јавни средства и има одговорност да работи во интерес на студентите.

„Тајни постапки, притисоци, однапред договорени одлуки, наметнување луѓе и распределба на функции зад затворени врати се спротивни на секој принцип на демократско и транспарентно студентско организирање“.

Прашуваат до кога студентските тела ќе бидат простор за лични интереси, наместо глас на студентите.

„Бараме јавно преиспитување на мандатите, еднаква застапеност за сите факултети и нова, транспарентна постапка за конституирање на собранието.

Ги повикуваме студентските собранија на останатите факултети да ни се придружат“.

Текстот Притисоци, распределба на функции зад затворени врати: Шест факултетски студентски собранија ги повлекуваат делегатите од УСС УКИМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top