Пријави против пет лица кои крадејќи бакарни кабли направиле штета од над два милиона денари

пред 2 години

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З. (50) од Битола и С.Д. (30), С.Д. (28), Ф.А. (37) и О.А. (36), сите од Скопје, поради сомнение за сторени 28 кривични дела, од кои 12 тешка кражба, по две уништување или оштетување јавни инсталации и помагање при прикривање и по едно кривично дело кражба и загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство.

Како што информираат од МВР, по претходен меѓусебен договор меѓу пријавените, во периодот од 10. јуни до 9. јули 2021 на повеќе различни локации, првопријавениот со употреба на физичка сила ја отварал шахтата (кабловско окно), сопственост на телекомуникациска компанија, а потоа со бонсек ги сечеле бакарните кабли, ги одземале и ги товарале во возило, со што причиниле материјална штета од 2.149.919 денари.

Share
Scroll to Top