Проблемот со попишувањето не бил до интернетот туку до апликацијата

пред 3 години

Државниот завод за статистика јавно се извини на Македонски Телеком за, како што велат, лошо изнесената изјава дека проблемите во попишувањето се должат на паѓање на интернетот.

„Несреќно дадената изјава се должи на недостиг на точни информации“, велар од заводот за статистика.

Оттука попладнево образложија дека во претпладневните часови се појавиле спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен, кои се должат на апликацијата.

„Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии“, велат од Заводот за статистика.

Во тие 2-3 часа додека траеле техничките проблеми, попишани биле речиси 10 илјади лица на целата територија на државата.

 

Share
Scroll to Top