Владата даде поддршка да продолжи реализацијата на воведувањето „Брз автобуски превоз во град Скопје“

Продолжено е учеството на Македонија во европскиот АТМ-доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија

пред 6 месеци

Владата донесе одлука за давање согласност за продолжување на европскиот АТМ-доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија за 2024 година и за понатамошното учество на Република Северна Македонија во овој фонд, на предлог на Министерството за транспорт и врски.

Република Северна Македонија, според оваа одлука, ќе продолжи да учествува во европскиот АТМ-доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија, за обезбедување на средства за трошоци за одржливо функционирање на нивните даватели на услуги на навигација за 2024 година согласно PC/23/60/2 на EUROCONTROL.

Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија е воспоставен согласно Директивата на Постојаната комисија на EUROCONTROL бр. 22/111 од 24 ноември 2022 година, за чие формирање Владата на Република Северна Македонија има дадено согласност, со Одлуката за давање согласност за доделување на нова задача на EUROCONTROL за формирање на доброволни солидарни фондови за поддршка на една или повеќе земји членки во кризни ситуации во воздушниот сообраќај, како и формирање на Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд и Доброволниот привремен солидарен фонд на EUROCONTROL и за учество на Република Северна Македонија во овие фондови.

Текстот Продолжено е учеството на Македонија во европскиот АТМ-доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top