Продолжен рокот за поднесување на годишна сметка до Централниот регистар

пред 4 години

Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар се продолжува заклучно со 25.03.2021 година до полноќ.

„ По барањата пристигнати до Владата и до Централниот регистар за одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар излегува в пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка.

Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот Ковид-19, а со цел запазување на законските рокови“ соопштија од Владата.

Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка.

Share
Scroll to Top