Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

пред 2 часа

Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени,  јавува УХМР.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

Текстот Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top