Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи, информира УХМР.
Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.
И утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Температурата во следните денови ќе биде во постепено опаѓање.