Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините над 1.500 м.н.в од снег, информираат од УХМР.
Од таму додаваат дека врнежите на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.