Променливо облачно со дожд, за новогодишната ноќ суво

пред 3 години

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои на места, особено во источните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.

До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, така што за време на Новогодишната ноќ во најголем дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни подрачја каде се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините слаб снег. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Share
Scroll to Top