Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела

Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела

пред 3 часа

Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.

Текстот Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top