Променливо облачно со сончеви периоди: Наместа нестабилност со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди: Наместа нестабилност со пороен дожд и грмежи

пред 4 часа

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод котлината со појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Текстот Променливо облачно со сончеви периоди: Наместа нестабилност со пороен дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top