Промовирана инклузивната сликовница „Големиот сон“: Изданието е поддржано од Зегин и од Фондацијата Д-р Верица Механџиска

Промовирана инклузивната сликовница „Големиот сон“: Изданието е поддржано од Зегин и од Фондацијата Д-р Верица Механџиска

пред 3 часа

Компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска и оваа година го поддржаа издавањето на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од Денис Јанкуловски, која е во издание на издавачката куќа Прозарт, а во која преку главната хероина Тина повторно се зборува за прифаќање на различностите.

Со многу насмевки, музика, пеење и танцување на инклузивната промоција се упати гласна порака дека различностите не треба да бидат пречка за остварување на соништата.

Фондацијата Д-р Верица Механџиска е поддржана од Компанијата Зегин со цел да ги обедини сите активности наменети за поддршка на ранливите категории. Во фокус на своето работење, Фондацијата го става подобрувањето на квалитетот на животот на лицата со нарушувања од аутистичен спектар и лица со попреченост.

ПР

Текстот Промовирана инклузивната сликовница „Големиот сон“: Изданието е поддржано од Зегин и од Фондацијата Д-р Верица Механџиска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top