Пронајдена дрога кај скопјанец кој бил во куќен притвор

пред 3 години

Синтетичка дрога, амфетамин и марихуана биле пронајдени и запленети кај 38-годишно лице од скопски Карпош кој според полицијата издржувал куќен притвор.

Од МВР соопштија дека денеска во скопската населба Карпош полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје заплениле синтетичка дрога, амфетамин и марихуана.

Врз основа на судска наредба извршен е претрес во дом на лицето Д.Б. (38), кој издржувал мерка куќен притвор, и при тоа е пронајдена синтетичка дрога, амфетамин и марихуана а лицето Д.Б. е приведено во Полициска станица -Карпош, и по насока од јавен обвинител и судија од Основен кривичен суд е спроведен во Истражен затвор Скопје, велат од МВР.

Додаваат дека по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава од Кривичниот Законик и за новото кривично дело.

Share
Scroll to Top