Пронајдени кокаин, марихуана, приведени лица при акциска контрола во угостителски објекти во Скопје

пред 2 години

Вечерта 19/20.03.2022 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија во содејство со Единицата за интервентна полиција постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела на подрачјетo на град Скопје извршиле контрола во два угостителски објекта, при што бил извршен преглед над дeсетина лица, од кои кај две лица била пронајдена марихуана.

Лицата како што соопшти МВР биле лишени од слобода и против нив ке бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„По дополнителни оперативни проверки од страна на полициските службеници добиени се дополнителни сознанија, по што, со обезбедена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории во Скопје, каде се пронајдени 10 паковки кокаин, 115 таблети екстази, една паковка прашкаста материја, вага и нож. Од слобода е лишен Д.А (23) од Кратово и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ на РСМ“, велат од ресорното министерство. Најавуваат дека засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.

Share
Scroll to Top