Пронајдени мигранти во објекти на поранешна фарма на автопатот Куманово-Табановце

пред 3 години

Вчера во 13.40 часот на исклучувањето за с.Речица, кумановско, на автопатот Куманово-Табановце, во објекти на поранешна фарма, полициски службеници од Национална единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе пронашле 15 мигранти.

Двајца од нив биле приведени поради сомнение дека се организатори, односно дека вршат криумчарење. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Останатите лица се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во прифатниот центар во Табановце. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top