При дополнителен преглед на запалениот македонски автобус кој изгоре на автопатот „Струма“, пронајдено е уште едно тело, пренесе Бугарската национална телевизија.
Станува збор за дете, потврдил заменик-главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба, Борислав Сарафов за тамошните медиуми.
Така, бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа се искачи на 45, како што првично беше најавено. Седуммина се спасени и во моментот се на лекување во софиската болница.
Македонските власти веќе го објавија планот за транспотт на повредените во софиската болница и посмртните останки на загинатите.