Полицијата од Охрид информира дека е пронајден малолетникот кој вчера се изгуби околу 17:50 часот.
Од СВР Охрид информираат дека полициски службеници околу 19:15 часот во близина на паркинг просторот кај плажата „Горица 3“ во Охрид го пронашле четири годишното дете.
Претходно од родителите било пријавено дека детето се загубило кај скејт паркот на пешачката патека после каналот „Студенчишта“.