Околу 110 грама хероин се пронајдени при претрес во домот на 37-годишна жена од Гостивар.
По преземените мерки од страна на инспектори од надворешната канцеларија за криминалистички работи, таа е приведена.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.