Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред МНР

пред 3 години

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира од 17 часот до 19 часот пред Министерството за надворешни работи.

Од партијата соопштија дека протестот ќе се одржи под мотото „Доста е, излези за Македонија“ и ќе биде против, како што велат, новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

ВМРО-ДПМНЕ минатата недела протестираше со блокирање на крстосници во Скопје и во уште неколку градови во Македонија.

Share
Scroll to Top