Работна посета на министерот Муцунски на Лондон

Работна посета на министерот Муцунски на Лондон

пред 2 часа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон.

Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.

Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе присуствува на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа во Лондон, а воедно ќе го посети и македонскиот павилион на овој саем, известува Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Текстот Работна посета на министерот Муцунски на Лондон е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top