Од страна на велешката полиција синоќа приведен бил А.Д.(20) од Велес, кој бил затекнат при вршење на кражба во куќа на улицата „Ѓорге Органџиев“, а потоа и физички нападнал полициски службеници.
Дваесетгодишникот ги нападнал и им нанел повреди на двајцата полицајци кои го затекнале при кражбата. Тие побарале и лекарска помош во велешката болница.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот против разбојникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.