Триесет и четиригодишен скопјанец е осомничен за вооружени разбојнички кражби во аптеки во повеќе скопски населби.
Осомничениот, на 13 октомври, со употреба на сила и закана со нож, украл 25.000 денари од аптека во Аеродром. Од истата аптека, на 2 ноември украл уште 21.000 денари.
На 25 октомври од друга аптека во Аеродром на сличен начин украл 12.000 денари.
Истиот осомничен, заканувајќи се со нож на вработените, на 27 октомври од аптека во Гази Баба украл 24.000 денари.
Истиот ден, осомничениот влегол во аптека во Карпош, заканувајќи им се на вработените со ножот украл 40.000 денари.
На 18 октомври, пак, од регистар касите во аптека во Кисела Вода украл 48.756 денари.
Вкупно, со шест разбојништва извршени на сличен начин, осомничениот од аптеки во Скопје украл над 170 илјади денари.
Освен ова, тој е осомничен дека на 22 октомври се обидел да изврши разбојништво во уште една аптека во Карпош, но откако вработената го предупредила дека го активирала алармот, избегал без да ги земе парите.
Јавен обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и за повторување на делото.