Од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево, на 14 септември, при обид за тешка кражба во црквата „Св. Петар и Павле“ на улица Горно Лисиче бил фатен и лишен од слобода 25-годишниот Ѓ.П. од Скопје.
Како што информираат од МВР, тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што 25-годишникот ги појаснил делата извршени во помошните простории на црквата.
Имено, истиот ден, тој со употреба на сила влегол и во капелата „Христово воскресение“, одзел пари и предизвикал пожар, кој за кусо време се изгаснал.
Во координација со Јавен обвинител, против него ќе следува соодветна кривична пријава.