Разбојници приведени во близина на Камениот мост откако ограбиле филијала

пред 3 години

Полициски службеници попладнево ги приведоа А.Ј.(31) и П.С.(63), кои претходно во текот на денот со закана одзеле пари од вработен во филијала на финансиско друштво.

„Веднаш по добиената пријава од Д.Б., вработен во филијалата на бул. ВМРО во Скопје, преземени се соодветни мерки и активности и разбојниците веднаш се приведени во близина на Камениот мост“, велат од МВР.

Двајцата приведени се сомничат за уште две разбојништва.

Share
Scroll to Top