Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со специјалниот пратеник на Велика Британија, надлежен за Западен Балкан, Стјуарт Пич, кој е во прва работна посета на нашата земја.
Како што информираат од МНР, соговорниците размениле мислења за актуелните внатрешно – политички состојби во земјата, но и во регионот, како и за можностите за соработка по темите од заеднички интерес меѓу двете земји.
Османи го запознал специјалниот пратеник за спроведувањето на реформите од европската агенда, со посебен акцент на обновениот дијалог со соседна Бугарија.
„Двајцата соговорници се осврнаа и на безбедносните предизвици со кои се соочува Регионот на Западен Балкан. Притоа, специјалниот пратеник Пич ја реафирмираше силната посветеност на Обединетото Кралство во регионот и неговата улога во процесот на одржување на безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан“, се наведува во соопштението за средбата.