Разрешен директорот на болницата во Струга кој дома има гинеколошка ординација на диво

пред 3 години

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес ќе го разреши гинекологот Мухамед Асани од функцијата директор на Општата болница Струга кому Државниот санитарен и здравствен инспекторат дома му откри дива ординација.

„Директорот ќе се разреши, а во текот на денов или утре ќе биде назначен нов директор“, рече министерот Филипче.

Тој извести дека за случајот на родилката од Дебар на која при породувањето во струшката болница ѝ беа извадени три органи формирал нова Комисија составена од директорите на Клиниките за гинекологија, урологија, КАРИЛ и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Share
Scroll to Top