Во текот на неделава во скопската општина Чаир секојдневно се одвиваат активности во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење во организација на Градот Скопје и јавните градски претпријатија.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на акцијата отстранија 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Архиепископ Доситеј.
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и активности за рачно и машинско метење и миење на следните булевари и улици во оваа скопска општина:
• Бул. Крсте Мисирков
• Бул. Цветан Димов
• Бул. Христијан Тодоровски-Карпош
• Бул. Македонско-косовска бригада
• Ул. Втора Македонска бригада
• Ул. Кемал Сејфула
Воедно, екипите на Претпријатието вршат миење и дезинфекција на контејнерите поставени на јавни површини вклучително со нивните микролокации. Од почетокот на акцијата во специјалните садови што ги постави ЈП Комунална хигиена-Скопје, жителите на општината Чаир одложиле приближно 20 кубни метри кабаст отпад.