Рауфи: Обвинетите во „Монструм“ се невини, поранешните специјални обвинители се несериозни

пред 3 години

Адвокатот Насер Рауфи, кој ги застапува обвинетите во случајот „Монструм“, во завршните зборови кажа дека тие се невини, како и дека против нив нема докази. Рауфи кажа дека обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се несериозни со обвинувањата, а на повтореното судење не извеле ништо ново. Адвокатот смета дека обвинителите не го знаат мотивот за петкратното убиство, затоа што обвинетите не убивале кај Смилковското Езеро.

„Монструм наликува на аферата „Драјкус“ бидејќи шест невини лица беа осудени на доживотен казна затвор и тоа од две судски истанци. Поранешните специјални обвинители се несериозни и тие се тие што ја матат водата. Случајот „Монструм“ е инструиран. За обвинителите мотивот е непознат, а тоа е секако бидејќи обвинуваат невини луѓе. Дека предметот е исконструиран, не е став само на бранителите, туку и на Американскиот Стејт департмент во своите извештаи во 2014 и 2015 година. Застапниците на обвинението не изведоа ништо ново, освен тоа што беше изведено во претходната постапката. Причина за укинување на пресудата беше недостиг на докази за некој да биде осуден. Одбраната успеа да ги разбие двата вербални докази на Обвинителството, а тоа се двете изјави од фамозниот загрозениот сведок. Се докажа дека тој е буквално втурнат во настанот. Тој загрозен сведок, беше пронајден на 2-3 дена пред истек на рокот за поднесување обвинение, тие немаа докази па мораше да се засили. Немаа ништо, мораа да втурнат сведок. Не можеа ништо да докажат. Без него, сега Обвинителството има 50 отсто помалку докази“, рече Рауфи.

Тој им се обрати на судиите да ја откријат вистината за „Монстум“, потсетувајќи што според него се случувало по петкратното убиство.

„Да ве потсетам што се случуваше по овој грозоморен чин. Уште пред да биде известен ЦИК, населението во Радишани одржа протест и ја обвинија албанската популација. Од каде тие имале информации дека Албанци се извршители на овој чин? Тоа е за да се таргетираат лица од албанскиот етникум. Овие протести беа поддржани од разни медиуми за да ја подгреат атмосферата и оваа хајка. Беше организирана полициска акција со 800 полицајци, беа приведени повеќе лица меѓу кои и баба. 30 притворени беа таргетирани како лица кои го извршиле чинот, а биле членови на исламистичка банда. Убеден сум дека ваквиот редослед на настаните, флагрантно ја кршеа пресумцијата на невиност и резултираше со постапката да биде диригирана од МВР. Осудени беа шест лица, обвинети дека се терористи, извршители на петкратно убиство“, додаде Рауфи.

Share
Scroll to Top