Рашковски за обвинувањата на Стоилковски: Мојата мајка нема сестра, кратко и јасно

пред 2 години

По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност на Драги Рашковски со „Дрисла“, се огласи со реакција поранешниот генерален секретар на СДСМ.

„ Досега не сакавме да ја коментираме секоја невистина изнесена од страна на ВМРО- ДПМНЕ во однос на мојата наводна поврзаност со работата на јавното претпријатие ДРИСЛА, но не може да останеме и неми на забеганоста на тврдењата за некаква сестринска поврзаност. Кратко и јасно, мојата мајка нема сестра. Ете до таму е забеганоста и опседнатоста на ВМРО ДПМНЕ со Драги Рашковски“ се вели во неговата реакција.

Инаку, претходно денеска, на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, ја повика ДКСК да отвори предмет со кој ќе се покажело дали крвното сродство помеѓу мајките на Рашковски и Пиперевалиев, е пресудно за бизнисмени од СДСМ да добиваат тендери во скопска „Дрисла“.

Share
Scroll to Top